Македонија

Орбан: Европа e на историски крстопат: треба да избере меѓу мировната иницијатива на Трамп и европско-руски судир

„Унгарија го избира патот кон мирот.“ – порача унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Виктор Орбан денеска изјави дека војната меѓу Русија и Украина е на „историски пресврт“, а американскиот претседател Доналд Трамп „не се откажал од својата намера да донесе мир во Украина“.

Според Орбан, Европа сега се соочува со „два можни пата“. „Можеме да се вратиме од овој ќорсокак и конечно да се обединиме зад мировната иницијатива на претседателот Трамп, вклучувајќи ги и бирократите од Брисел. Тоа би барало од лидерите, кои се залагаат за војна, да се соочат со фактот дека во изминатите 3,5 години ги трошеа тешко заработените пари на Европејците за војна, која не може да се добие на бојното поле.“ – истакна унгарскиот премиер. 

Орбан додаде дека другата опција води „директно во војна“ омеѓу Европа и Русија. „Ако европските лидери, кои се залагаат за војна, продолжат да испраќаат пари и оружје во Украина без поддршка од САД, тогаш тие тие ќе го отворат патот кон европско-руски судир. Европа многу добро знае каде води тој пат, а последиците отсекогаш биле трагични.“ – напомна Орбан.

Тој укажа дека Унгарија го избира патот кон мирот. „Ова е мандат, што ни го даде унгарскиот народ, а диктира морал и здрав разум. Денеска во тој дух испраќам писмо до претседателката на Европска комисија (Урсула фон дер Лајен).“ – кажа Виктор Орбан.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top