Македонија

Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, остро реагира СДСМ

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе трча за мандат на Град Скопје на претстојните локални избори по предлог на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Кандидатурата се официјализира по седницата на извршниот комитет.

Освен секојдневно фотографирање и лажен ПР, Орце Ѓорѓиевски нема ништо реализирано во Кисела Вода. Од неговата програма има реализирано само 20%, со што е убедливо најлошиот градоначалник во Скопје. Доколку Ѓорѓиевски биде избран за градоначалник на Скопје, истата судбина го очекува и градот: лажен ПР, сликање и измислени проекти — исто како неговиот ментор Мицкоски, реагираат од СДСМ.

Кисела Вода е преполна со смет, урбанистички хаос и негрижа. Ѓорѓиевски, наместо да ги решава проблемите, целиот мандат го помина во расправии со Арсовска, која најсилно ја промовираше во изборната кампања пред четири години, додаваат од опозициската партија.

Инаку, Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе трча за мандат на Град Скопје на претстојните локални избори по предлог на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Кандидатурата се официјализира по седницата на извршниот комитет. Освен за град Скопје се ојбавија имињата на кандидати за уште пет општини: Гази Баба актуелниот Бобан Стефковски, Карпош Сотир Лукроски кој доаѓа од приватниот сектор, сега актуелните градоначалници ќе бараат уште еден мандат од гласачите во Лозово Бошко Петкоски, Пехчево Александар Китански, Ресен Јован Тозиевски и општина Зрновци Борчо Коцев.

Најнови вести од: Македонија

На денешен ден: Роден е македонскиот поет Григор Прличев, наречен втор Хомер, откако во Атина е овенчан со наградата Ловоров венец

Едниот охриѓанец, другиот стружанец, а на двајцата заедничка им е Македонија и борбата со перо, како и денот 18 јануари, кој за Григор Ставрев Прличев е роденден, а за Константин Миладинов збогување од овој свет. И двајцата истакнати македонски поети, родени во иста година, во македонските градови Охрид и Струга. Прличев, автор на поемата Сердарот, […]

Најнови вести

To top