Македонија

Ориѓански со потсмев за Македонската филхармонија: Сега вие ќе појдете во Виена и ќе им покажете како се свири класична музика?

Ексдиректорот на МКИЦ во Тирана на Фејсбук се исмеа со овациите и со аплаузите за концертот на МФ во „Музикферајн“

Поранешниот директор на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, Златко Ориѓански, се исмеа на Фејсбук со стоечките овации и долготраен аплауз за настапот на Македонската филхармонијазавчера во виенскиот „Музикферајн“, домаќин на престижниот Новогодишен концерт на Виенската филхармонија.

„А бе како е можно да живеете во такви заблуди? Сеа, вие ќе појдете во Виена и ќе им покажете како се свири класична музика? Таму кадешто таа музика е измислена. Ќе појдете во Рим, Италија, пази богати, вие од Македонија ќе им покажете оперско пеење хаха. Како е можно вакви заблуди? Сеа, вие во културните центри ќе покажете како се свири Шопен? Хаха. А бе крстете се во Џамбо Агушеви, тоа сте вие, хаха“, коментира на Фејсбук фронтменот на некогашната македонска група „Анастасија“ и еден од најгласните поддржувачи на политиките на експремиерот Зоран Заев, чија Влада го постави за директор на МКИЦ во Тирана.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

To top