Македонија

Осомничен од ИТ-сектор за пари менувал оценки, бодови, студентски досиеја

Во домот на осомничениот, според првичните информации, била пронајдена поголема сума пари, но засега нема потврда за точниот износ, ниту дали парите се поврзани со делата што се предмет на истрагата

Во рамки на истрага за сомнителни манипулации со оценки, испитни бодови и студентски досиеја на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип,, полициски службеници вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје, дознава неофицијално порталот „Скопје1“.

Според информациите од истрагата до кои дојде порталот, во фокусот е лице вработено на Универзитетот „Гоце Делчев“ како раководител на ИТ-секторот, за кое постојат сомнежи дека подолг временски период незаконски интервенирало во електронската евиденција на студентите.

Неофицијалн осомничениот наводно менувал бодови од испити, бришел оценки и овозможувал запишување семестри на студенти кои не ги исполнувале потребните услови.

При досегашните полициски активности во домот на осомничениот, според првичните информации, била пронајдена поголема сума пари. Засега нема потврда за точниот износ, ниту дали парите се поврзани со делата што се предмет на истрагата.

Претресите се во тек, а засега нема официјална потврда од МВР за бројот на опфатени лица, евентуални приведувања и кривичните дела за кои се води постапката. објави порталот

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Каде беа кога пропаѓаше Еуростандард банка?

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на 250 илјади евра од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

To top