Македонија

Останува висок водстојот на Вардар и Треска – внимателно движење покрај реките

Поради големите води и брзини на течење на водата во реката Треска можат во опасност да бидат дел од времените мостови

Во текот на вечерва и ноќва ќе се задржи високиот водостој во горниот тек на реките Вардар и Треска. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците низ земјата.

Поради големите води и брзини на течење на водата во реката Треска можат во опасност да бидат дел од времените мостови по течението на реката, наведуваат од УХМР.

Во текот на ноќта и утре изутрина се очекува зголемување на водостојот на реката Вардар во средниот дел од течението.

На истокот од земјата состојбата е мирна. Единствено посериозно зголемување на водостојот имало во крајниот долен дел од сливот на реката Струмица како резултат на зголемените притоки.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top