Македонија

Oткриени неправилности кај некои откупувачи на овошје и зеленчук

Комисијата за заштита на конкуренцијата продолжува со теренските инспекциски надзори за спроведување на новиот Закон за забрана на нелојални трговски практики. При инспекциските надзори во неколку центри за собирање овошје и зеленчук, констатирани се голем број прекршувања во односите меѓу купувачите и земјоделците.

Неколку откупни центри кои откупуваат овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица се обиделе да го изиграат законот за нефер трговски практики, покажале контролите на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Според КЗК, најдрастични се прекршувањата на законот во делот на регулирање на договорните односи помеѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи.

  • Меѓу утврдените неправилности се: непостоење на писмени договори за откуп; користење на договори кои не ги содржат задолжителните елементи предвидени со Законот; неусогласеност на договорните одредби со законските обврски – велат од КЗК.

Од Комисијата велат дека против субјектите кај кои се утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни санкции. Воедно, Комисијата апелира до сите учесници во синџирот за снабдување со земјоделски и прехранбени производи доследно да ги почитуваат законските одредби, со цел обезбедување фер, транспарентни и рамноправни деловни односи, како и заштита на земјоделците и останатите добавувачи од нефер трговски практики.

Инаку, од Комисијата додаваат дека ќе продолжат со активен надзор, согласно своите законски надлежности, при што против субјектите кај кои се утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни санкции.

Најнови вести од: Македонија

Познат идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско

Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа

To top