Македонија

Отпечатена е првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“ на Ѓурѓај – придонес за зачувување на културното наследство на Македонците во Албанија

Разгледницата „Поздрав од Голо Брдо“ е авторско дело на Никола Ѓурѓај, претседател на Mакедонското друштво „Илинден“ од Тирана и уредник на истоимениот весник на македонски јазик. Првото издание на разгледницата е отпечатено со парична поддршка од семејството Ѓурѓај.

„Ваква разгледница, посветена на областа Голо Брдо, за првпат е изработена во Република Албанија. Содржи 15 фотографии од селата во овој прекрасен крај, населен главно со Македонци. Покрај природните убавини, со кои Бог ја дарувал областа, има и многу културни историски споменици, кој секој би посакал повторно да ги види.“ – посочува Ѓурѓај за Македонската информативна агенција – МИА. 


Никола Ѓурѓај истакнува дека ова негово дело ќе биде придонес за зачувувањето и претставувањето на македонското културно наследство. „Засега разгледницата ќе биде разделена низ цела Република Албанија, претставувајќи значаен придонес за зачувувањето и претставувањето на македонското културно наследство на Македонците во Република Албанија.“ – нагласува Никола Ѓурѓај.

Во областа Голо Брдо има 22 села, од кои 18 се населени со Македонци, а во останатите населението е со мешан етнички состав.

Најнови вести од: Македонија

Најчевска: Проблематично е внесувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот!

Затоа што Бугарите (тие кои се перципираат себе како Бугари на територијата на Македонија како и официјалните ставови на Бугарската држава) не го признаваат постоењето на Македонскиот народ и македонскиот јазик

ВМРО-ДПМНЕ: Колку ќариле Заев и Филипче што дозволиле одгледување на канабис на нива ?

Со измените во член 2 од Правилникот за одгледување канабис за медицински цели е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински цели се врши исклучиво во затворен простор

Иванов гостин на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија

Историски втемелена приказна на истрајност, работа и достоинство, преку која македонската заедница оставила длабока трага во општествениот и културниот живот на средините во кои живее

To top