Македонија

Паѓаат карпи – забрането движење по патеката во кањонот Матка

Забраната е веќе во сила и ќе трае до понатамошно известување

Општината Сарај ги информира жителите, локалните и странските туристи, како и сите здруженија кои планираат активности во оваа област, дека врз основа на одлуката на Дирекцијата за заштита и спасување, при движењето по патеката на Матка треба да се внимава поради ризик од одрон на камења.

Општината информира и дека Дирекцијата за заштита и спасување постави знаци што означуваат одрон на камења во опасни подрачја.

„Се замолуваат сите граѓани и посетители да ја почитуваат одлуката за сопствена безбедност. Во спротивно, во случај на несреќа поради непочитување на правилата, одговорноста останува на оштетениот“, апелира Општина Сарај.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Обвинителството да го повика Жан Митрев по исказите за нелегално преземање на неговата болница

Да го повика Жан, ако досега тоа некој не го направил, да го повика бидејќи човекот излезе јавно и кажа дека бил предмет на уцена на високи државни функционери“, вели премиерот

To top