Македонија

Панчев: Заловениот волк можеби и не е – „чист волк“!

Има многу кучиња што имаат иста физиономија со волците

Сашо Панчев главен зоо негувател, кој лично го заловил волкот од Козле и безбедно го пренел во Зоолошката градина каде сега е сместен во карантинскиот дел за весникот ВЕЧЕР ја раскажа целата приказна околу синоќешното случување со волкот, но и дилемите кои ги има:

Тој вели дека „по физиономијата и по сите карактерни црти животното личи на волк, но оти допрва ќе се утврдува дали е чист волк или е мелез.

„Чекаме да дојде тим од Агенцијата за храна и ветеринарство за да се утврди за што точно станува збор.

Има многу кучиња што имаат иста физиономија со волците, па затоа ќе се направат испитувања“, вели Панчев

Воедно, тој нагласи, на животното ќе му се направат сите прегледи за да се утврди неговата здравствена состојба….

Извор: ВЕЧЕР

Вонредна вест: Во Скопје заловен волк кој бил чуван како домашно милениче

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

Николоски: Градиме денес, за да оставиме посилна држава за идните поколенија!

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Перински: Матичните лекари ќе можат да издаваат боледувања до пет дена

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински денеска најави построги контроли на боледувањата, нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средства коишто ги исплаќаат стигнуваат до оние на коишто им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите коишто ќе овозможат превенција на потенцијална злоупотреба на боледувањата.

Најнови вести

To top