Македонија

Панчо од ДНК ќе биде погребан утре на гробиштата во Бутел

Телото на музичарот и 63. жртва од трагедијата во Кочани ќе биде изложено во црквата „Свети Илија“ во Аеродром

Владимир Блажев-Панчо, член на групата ДНК и 63. жртва на трагедијата од 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе биде погребан утре на Градските гробишта во Бутел.

„Последен поздрав!

На ден 16.10.2025 г., неговите ближни, роднини и пријатели, ќе можат молитвено да се збогуваат со Владимир Блажев – Панчо.

Телото ќе биде изложено во црквата Св. Илија – Аеродром.

Молитвениот чин ќе започне во 9 часот, со Заупокоена литургија. Сочувство ќе може да се изрази во периодот 10 до 12 часот, а Опелото ќе започне во 12 часот.

Погребот, пак, ќе биде на гробиштата во Бутел, во 13:30 часот“, објави на социјалните мрежи неговата сопруга Маја.

Панчо остави зад себе и две деца – синовите Андреја и Мартин.

 

Најнови вести од: Македонија

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top