Македонија

Панихида по повод 101 година од смртта на Тодор Александров

Тодор Александров, е еден од главните столбови на современата македонска држава, а негова животна водилка била идејата за автономна и суверена Македонија-порача Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт -ВМРО-ДПМНЕ, на одбележувањето 101 години од смртта на Александров. Во црквата Успение на Пресвета Богородица во родното место на големиот војвода, штипско Ново Село, се одржа панахида […]

Тодор Александров, е еден од главните столбови на современата македонска држава, а негова животна водилка била идејата за автономна и суверена Македонија-порача Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт -ВМРО-ДПМНЕ, на одбележувањето 101 години од смртта на Александров. Во црквата Успение на Пресвета Богородица во родното место на големиот војвода, штипско Ново Село, се одржа панахида во негова чест..

„ За мене како Македонец, историчар и политичар, токму Тодор Александров, е еден од славните македонски синови на кои им должиме тоа што ние сега ја имаме Р.Македонија, како држава„ изјави Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт-ВМРО-ДПМНЕ.

Тодор Александров, беше една од најконтроверзните историски личности. Се тврдеше дека бил и бугарски поданик, но до деведесеттите години историјата успеа да докаже кои биле неговите вистински идеали и кауза..

„ Тие контраверзии ако постоеле до деведесетите  и се расчистувале крајот на минатиот и почетокот на овој век, на секој еден му е јасно дека тој е Македонец, роден во Штип, Ново Село, работел и дејствувал како Македонец, работел за македонската кауза, идејата за автономна и суверена Македонија била во неговата идеја водилка и за самото тоа на крајот од денот релативно млад го има изгубено својот живот„изјави Александар Пандов.

Панахидата за Александров, се одржува по 30-ти пат, а минатото лето во штипско Ново Село, беше поставен  споменик-обележје со неговиот лик.

https://youtu.be/v0w8ULVxS_8 

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Потпишан Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Договорот треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра и краен рок за завршување 31 мај 2027 година

To top