Македонија

Панова: СДС го блокираат изборниот закон и можноста Македонците од дијаспората полесно да го остварат своето право на глас

„СДС повторно избра да ги кочи процесите наместо да понуди решенија. Додека декларативно зборуваат за демократија, во пракса го блокираат Изборниот законик и можноста Македонците од дијаспората полесно да го остварат своето право на глас. 10.000 амандмани против македонската дијаспора!“ – нагласува Ели Панова од ВМРО ДПМНЕ на својот фејсбук-профил.

Натаму Панова истакнува: Што има СДСМ против дијаспората!? Што толку им пречат граѓаните кои живеат надвор од Република Македонија!? Секој обид да се спречи волјата на народот е однапред осуден на неуспех.

Може да го блокираат Собранието, но не можат да ја блокираат одлуката на граѓаните. На следните избори, наместо фактор, СДС ќе биде само статистика! – нагласува Ели Панова од ВМРО ДПМНЕ на општествената мрежа.

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top