Македонија

„Патарините за едни мајка, за други маќеа“(ВИДЕО)

По целосно расветлување на случајот ќе следат мерки за утврдување на одговорност на вработените и дисциплински постапки“, наведуваат од ЈПДП

Бурни реакци на социјалните мрежи предизвика видео на кое се гледа како дваесетина автомобили поминуваат наплатна рампа без запирање и без очигледно да платат патарина.

Снимката која ја сподели  порталот Скопје1.мк отвори низа прашања за контрола и (не)еднаквост пред законот.

Видеото, снимено на патарината кај Гостивар, стана вирално, а неговиот објавувач саркастично напиша: „Патарините за едни се мајка, за други маќеа“.

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) излезе со соопштение по рекциите на јавноста во кое потврдува дека направена е внатрешна контрола веднаш по објавувањето на видеото.

Според нив, првото возило во колоната платило патарина и за другите зад него, но постојат и случаи каде тоа не е направено.

„Веднаш по објавата на видеото директорот на ЈПДП даде итен налог за проверка. Контролата утврди дека само за неколку возила не е наплатена патарина.

По целосно расветлување на случајот ќе следат мерки за утврдување на одговорност на вработените и дисциплински постапки“, наведуваат од претпријатието.

И покрај објаснувањето, дел од јавноста остана скептична и гневна, оценувајќи дека ваквото однесување создава чувство на нееднаквост и ненаказнивост.

Граѓани коментираат дека ако обичен возач помине патарина без да плати, веднаш добива казна, додека во овој случај сè уште нема ниту казнети лица.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top