Македонија

Пендаровски признава: Со Радев не може да се преговара

Една година по завршувањето на мандатот, поранешниот претседател Стево Пендаровски признава дека со шефот на бугарската држава Румен Радев не може да се преговара, бидејќи, според него, токму тој е творецот на тврдиот став на Бугарија кон Македонија. „Румен Радев е архитектот на бугарската блокада кон Македонија, кој тврдо ги застапува позициите на бугарскиот национализам од времето […]

Една година по завршувањето на мандатот, поранешниот претседател Стево Пендаровски признава дека со шефот на бугарската држава Румен Радев не може да се преговара, бидејќи, според него, токму тој е творецот на тврдиот став на Бугарија кон Македонија.

„Румен Радев е архитектот на бугарската блокада кон Македонија, кој тврдо ги застапува позициите на бугарскиот национализам од времето на комунизмот“, изјави Пендаровски во интервју за Дојче веле.

„(…) Сум имал многу разговори со него на меѓународни собири. Тој дојде и на мојата инаугурација во 2019 година и уште тогаш тврдо ги застапуваше позициите на бугарскиот национализам од времето на комунизмот. Тој човек ја натера владата да донесе своја декларација и во бугарскиот парламент, кој брои 250 пратеници, таа декларација беше изгласана со 204 гласови. Јас паметам тогаш коментирав дека таа декларација е донесена со севернокорејски процент“, објаснува тој.

„Тој човек беше иницијаторот на блокадата кон Македонија. Не може да очекувате од оној кој го направи проблемот, да го реши. Дури и со Каракачанов во таа влада на Борисов, тој не беше главниот. Главниот човек кој ја утврди таа патека беше Радев. Вие со него не можете со гледање опери или културни настани да издејствувате промена во тој став, затоа што тој човек верува во тоа што го направи и во тоа што ги натера сите други да веруваат во таа позиција“, вели Пендаровски.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top