Македонија

Србија мерка територии на Македонија, предупредува Радев?!

Бугарскиот претседател ја алармира Европската унија за проектот „Српски свет“, обвинувајќи го Белград за експанзионизам

Бугарскиот претседател Румен Радев ја предупреди Европската унија за проектот „Српски свет“, оценувајќи дека тоа е ново име за проектот „Голема Србија“.

„Како што знаете, Западниот Балкан е критична точка за безбедноста и целото внимание на Европската унија е насочено таму“, одговори тој на прашањето од бугарската агенција БГНЕС за предупредувањата на ЕУ за опасноста од проектот „Српски свет“ и како овој проект од Белград влијае врз безбедноста на Западен Балкан.

„И мислам дека е време сите европски институции посериозно да се ангажираат со ова прашање. Тоа е исклучително чувствително и за нас“, додаде Радев.

„Српскиот свет е новото име за проектот ‘Голема Србија’. Тој има цел да ги контролира соседните држави, вклучително и преку обединување со Србија на територии од Босна, Хрватска, Црна Гора, Косово и Северна Македонија. Главен инструмент за негово спроведување е Српската православна црква“, изјави тој.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top