Македонија

Пензиите на пензионерите од дијаспората пред Уставен суд

Подносителите – меѓу кои и граѓани што живеат во странство, како и Народниот правобранител – тврдат дека со измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се врши дискриминација на пензионерите кои живеат во странство

 

Судиите на Уставен суд денеска ќе дискутираат по повеќе иницијативи кои се однесуваат на измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои, зголемувањето и усогласувањето на пензиите, се ограничува на корисниците на кои пензијата им се исплаќа во државата, пренесува МИА.

Подносителите – меѓу кои и граѓани што живеат во странство, како и Народниот правобранител – тврдат дека со ваквите одредби се врши дискриминација врз основа на местото на исплата на пензијата и се создава нееднаква положба меѓу пензионерите. Според нив, правото на пензија е стекнато врз основа на уплатени придонеси, а не според местото на живеење.

Подносителот на иницијативата Игорчо Точев од Скопје во иницијативата наведува дека одредбата предизвикува дискриминација, бидејќи ја ограничуваат исплатата на зголемување за 2.500 денари само на пензионерите кои ја примаат пензијата во Македонија, но не и на пензионерите кои ја примаат пензијата во странство. Според наводите, ирелевантно е каде пензионерот ја прима пензијата, бидејќи тој добива пензија заради остварената старост, а не географска локација каде што живее.

Подносителот на иницијативата Љубомир Сандевски со живеалиште во Словенија тврди дека со оспорените измени се врши дискриминација и трајно финансиско оштетување на осигурениците на Фондот на ПИОСМ кои се државјани на Република Северна Македонија и на кои пензиите им се исплаќаат надвор од државата, бидејќи нема да го добиваат редовното усогласување на пензиите во иднина, вклучително и усогласувањето на пензиите од март 2025 година. Се наведува дека државата го ускратува стекнатото право и своеволно без уставна надлежност Собранието ги донело измените кои прават дискриминација и категоризација на пензионери кои пензиите ги примаат во Македонија и пензионери кои живеат надвор од државата, без да се земе предвид фактот дека пензиите се стекнати врз основа на придонесите кои ги уплаќале во текот на работниот век, а не според географската локација каде што ги примаат пензиите.

Според подносител на иницијативата Темелко Ристески од Скопје со оспорените делови се создава нееднаквост меѓу пензионерите, бидејќи иако имаат ист „статус” на пензионери, сепак се оневозможува усогласувањето да се применува за сите поеднакво. Подносителот тврди дека на овој начин индиректно се ограничува слободата на движење на околу 12. 000 пензионери, како едно од уставно гарантирани права.

Подносител на иницијативата Kире Батев со живеалиште во СР Германија смета дека со оспорениот закон е направена дискриминација на пензионерите кои живеат во странство а не им се исплаќа линеарното усогласување на пензиите. Дополнително, тој тврди дека целиот работен век го остварил во Македонија и поради лични причини живее со децата во странство, за што наведува дека социјалното и пензиско осигурување редовно го уплаќал во матичната држава .

И Народен правобранител на Македонија има поднесено иницијатива по поднесени повеќе барања од граѓани. Во иницијативата наведува дека до него се обратиле повеќе граѓани кои се засегнати за нивните права од областа на пензиското и инвалидското осигурување, како корисници на правото на пензија од Република Северна Македонија, кои живеат надвор од земјата. Се тврди дека се изземени од исплатата на предвидените покачувања на пензиите, па поради тоа укажуваат на дискриминација и нееднаква положба со другите корисници кои живеат во државата.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

To top