Македонија

Перо Камиказа за Влатко Стефановски: Ќе останеш ,,џубокс” кој ,,везе” за паричка

Лидерот на Меморија не може да се помири што промоторот на Северна добива почести

Испровоциран што промоторот на Северна Влатко Стефановски беше дел од македонските уметници кои се видоа со кралот на Велика Британија Перо Георгиевски Камиказа му порачува на членот на Леб и Сол дека ќе остане џубокс кој свири за тие што ќе платат пари.

Фронтменот на Меморија раскажува за настани каде Стефановски покажал каков човек и уметник е.

Камиказа се потсетува и на изјавата на Стефановски според која во Македонија нема ништо, освен “Леб и сол“и ајвар.

,,Ете тоа беше насловната на тогашен Џубокс, а дадена од Влатко Стефановски!!!Требаше да му речам аферим бе ефенди🤔.

Тогаш излегоа: Архангел, Мизар,Легенда, Ареа,Зијан, Ласт експедишн и многу други!!!Сите снимаа за МРТ и донесоа македонска пролет!!! Се само не “Ајвар“. Првиот албум на Меморија е најпродаван албум во продавницата на Југотон, таа година!!!
Еден од истата продавница со збор и документ ќе го потврди тоа во документарецот што ќе почне да се снима во втората половина на Ноември.

Ај сега за свежата приказна.

Во дебар маало правевме“панахида“за Горан Стефановски, на која и јас имав чест да кажам по некоја дума. Пригодната реч на многумина им се допадна, па така сосема случајно свртувајки се се видовме очи во очи со Влатко. Ме гушка и ми вели , секоја чест мајсторе?!

Ја возвраќам прегратката, и јас мислам дека тоа е за неодамна одржаниот концерт во “Борис Трајковски“, кога тоа да ти било за друго!!! Храброста која сум ја имал да се кандидирам за градоначалник и се да им плеснам во лице?!

Бев збунет, ама успеав да го прашам, виде ли нешто од последниот концерт, ти се допадна ли?! Ми вели, одлича беседа за брат ми кажа!!! Ете тоа беше нашата последна средба!!!

И да, работевме нешто за Вип во тоа време и Влатко свиреше. На педалата усними фонија и направи како да разгласот не чини. Правеше вакви злоби уште еден куп, но мака ми е да пишувам!!!

Никогаш северна, само МАКЕДОНИЈА ✊. Од мене се ти е простено, има друг кој ќе суди🙏

П.С. И од таде Лондон да те однесат, ќе останеш Џубокс во кој, кој да стигне става паричка а ти “Везеш“”, пишува револтираниот Камиказа за Влатко Стефановски.

Стефановски стана мета на критика на јавноста кога пред три години на прослава на Илинден во Крушево пред врвот на ДУИ и СДСМ ја промовираше Северна.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top