Македонија

Пет прашања за гостиварската ,,Вода говнаруша”

За проектот биле потрошени над 7 милиони евра а почнал во времето на Таравари

Новинарот Горан Теменугов поставува 5 прашања за случајот Гостивар во кој над 1000нлуѓе се затруени со фекална вода.

,,Околу гостиварската вода гомнаруша. Убаво би било да се истражи зошто гостиварскиот т.н. водовод немал притисок, кога лани заврши деценискиот проект за подобрување на водоснабдувањето на градот и околните места. Еден од приоритетите на овој проект, кој најмногу беше финансиран од Швајцарската амбасада, а вкупно чинеше 7,2 милиони евра, беше токму решавање на проблемот со притисокот во системот.

Прашања:

1.Дали проектот е изведен според сите предвидени параметри? (Проверка на документацијата од проектот)
2.Дали се вградени сите предвидени елементи? (Дополнителна проверка кај фирмите изведувачи)
3.Дали некој направил реална,а не административна контрола на проектот?
4.Кои фирми го изведувале проектот?
5.Зошто траеше повеќе од една деценија проектот?

Секако, има уште мал милион други важни прашања, но еве, ова е за старт од човек кој е на одмор”, пишуба Теменугов.

Поврзана вест

На премиерот не му се верува како некој се осмелил да поврзе загадена вода со водовод за пиење

Премиерот шокиран, најавува одговорност за случајот во Гостивар

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top