Македонија

Премиерот шокиран, најавува одговорност за случајот во Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е неверојатно што некој се решил да преземе чекори кои доведоа до хаос во Гостивар

Мицкоски во врска со актуелната состојба во Гостивар каде голем број граѓани се жалат на стомачни тегоби, нагласи дека се преземат сите мерки и оти ќе има одговорност за случајот.

,,Во овој момент сите институции се на терен, се преземаат мерки, се испитуваат мостри од водата и имаме процес кој го води и Обвинителството. Мислам дека многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило, кој е тој кој што дал наредба тоа да се случи и, се разбира дека ќе има одговорност”, истакна Мицкоски при денешната посета на Општина Дебaрца.

Потенцира дека за него е шокантно тоа што луѓе несовесно се однесуваат и повтори дека одговорност ќе има за случајот.

,,Нема така да помине случајот. Јас навистина не можам да разберам некои луѓе како може така дрско и така несовесно да се однесуваат. Просто е неверојатно како така лесно ги прифаќаат овие работи и како се одлучуваат да прават такви работи. За мене, ово е се шокантно и просто за неверување е сето ова што некој таму го направил. Но, ќе има одговорност, се разбира, и таа одговорност нормално понатаму во рамките на судски процеси ќе треба да се констатира”, рече премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

Топлификација пријатно ќе ги изненади корисниците

Од утре, 13 октомври 2026 година, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системите за централно греење во Скопје, со кои управува АД ЕСМ преку ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и Подружница „Енергетика“

To top