Македонија

Петмина кандидати досега на огласот за државен јавен обвинител, рокот истекува на полноќ

Досега се пријавиле петтемина на огласот на Собранието

Досега пет кандидати се пријавиле на огласот на Собранието за јавен обвинител на Македонија. Станува збор за сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд Ненад Савевски, поранешниот претсдател на Кривичниот Суд Владимир Панчeвски и обинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. Рокот за пријавување на кандидатите истекува на полноќ.

Судијата од Кривичниот суд Савевски и обвинителката Раичевиќ за МИА ја потврдија кандидатурата, а во изјава за медиумите потврдно одговорија и обвинителката Ристовска и в.д. државаната обвинителка Тополова Исајловска.

Својата кандидатура за огласот за јавен обвинител на Македонија, што го распиша Собранието, досега ја потврди поранешниот претседател на Основниот суд Скопје, Владимир Панчевски. Во пријавата на Панчевски поднесена на 21 јануари до Собранието се наведува дека тој ги исполнува сите законски услови за извршување на функцијата државен јавен обвинител.

– Во прилог до надлежните органи доставил целосна предлог-документација и докази за исполнување на општите услови утврдени во член 61 од Законот за Јавното обвинителство, како и докази за исполнување на посебните услови од член 62 став 1 алинеја 1 од овој закон – се наведува во пријавата од Панчевски до Собранието.

Кандидатура за функцијата најави и поранешниот виш јавен обвинител на скопското Вишо јавно обвинителство, Мустафа Хајрулах, но сепак се откажал од намерата.

На местото на Љупчо Коцевски, кој поднесе неотповиклива оставка во декември лани, дојде обвинителката Тополова Исајловска како в.д. државен јавен обвинител која беше единствен кандидат, но не може да биде на позицијата подолго од шест месеци.

Првично, порано, денеска на последниот ден од огласот, од собраниската прес-служба изјавија дека до архивата на Собранието се поднесени четири пријави за оваа позиција, но не споделија детали за тоа кои се подносителите.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Според Законот за Јавното обвинителство, добиените кандидатури се препраќаат до Владата. По пријавувањето, Владата бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниеден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас. Со 61 глас од пратениците ќе треба да биде избран новиот државен јавен обвинител.

Најнови вести од: Македонија

Град Скопје почна со присилна наплата на Даноци

Град Скопје почна постапка за присилна наплата на заостанатите долгови за данок на имот, со доставување решенија за забрана на средства до деловните банки за илјадници даночни обврзници. Според информациите што ги пренесуваат медиумите, веќе се изготвени и доставени решенија за 16.372 обврзници, а уште 23.209 решенија треба да бидат испратени до крајот на неделата, што во пракса значи дека голем дел од граѓаните и фирмите може да се соочат со блокирани средства поради неплатени обврски.

Координативен состанок со стручни тимови за сообраќајот, пред финалните подготовки за пуштање во функција на „Сејф Сити“

Со воведувањето на Сејф Сити, Скопје започнува суштинска реформа во начинот на управување со сообраќајот, заменувајќи ги застарените модели со паметни, адаптивни и технолошки напредни решенија кои во реално време ќе го регулираат протокот на возила, ќе ги намалат гужвите и ќе овозможат побезбедно и поефикасно движење низ градот.

МИА: Град Скопје започна постапка за присилна наплата на данок на имот за 2021 година

„Град Скопје започна со постапката за присилна наплата на неплатениот данок на имот за 2021 година, поради тоа што значителен број даночни обврзници и покрај јавниот повик не ги подмириле своите обврски, соопштија од градот.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

„Политико“: Европскиот топ-дипломат Каја Калас ја нарекува претседателката на ЕК Урсула Лаен „диктатор“!

„Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, приватно ја нарекува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ‘диктатор’, признавајќи дека ‘нема вистинска моќ да влијае врз неа’.“ – објави бриселскиот аналитички портал „Политико“ во својата анализа со наслов „Петте најтешки работни места во Брисел“. Изворите на „Политико“ посочуваат на „тековните несогласувања и промени на моќта во највисоките ешалони на ЕУ“.

To top