Македонија

Петровска: Отсуството на дебата за претходните резултати придонесоа за сегашниот пораз

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во интервју за Радио Слободна Европа истакнува дека партијата не смее да го игнорира ниту да го заборави историскиот пораз на локалните избори, каде освои само 126.000 гласови и шест општини

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во интервју за Радио Слободна Европа истакнува дека партијата не смее да го игнорира ниту да го заборави историскиот пораз на локалните избори, каде освои само 126.000 гласови и шест општини. На прашањето за лидерството на Венко Филипче, таа одговара дека опстанокот на СДСМ не зависи од една личност, туку од колективната способност да се врати на победничкиот пат.

Според неа, причините за дебаклот се многубројни и бараат часови за детално објаснување, но клучно е неодговореното прашање зошто партијата доживеа пораз на парламентарните избори минатата година, како и на локалните во 2021, па дури и на парламентарните во 2020, кои иако донесоа влада, не беа задоволителни. Отсуството на вистинска внатрешна дебата за претходните резултати, во комбинација со општите прилики во државата, дополнително придонесе за овој исход.

Петровска нагласува дека вистинските анализи мора да бидат пишани и усвоени од партиските тела, а не само формални. За жал, ланскиот Конгрес беше одложен без епилог и без дискусија, иако извештај беше поднесен – таков пристап не смее да се повтори.

До декемврискиот Конгрес, актуелниот претседател има сериозен предизвик: да организира анализи и дискусии меѓу пратениците, градоначалниците, кандидатите и раководството, а потоа да понуди јасна платформа за излез од кризата. СДСМ, како партија од осамостојувањето, има огромни заслуги за државата и е неопходна – дури и во опозиција – за да се спречат повторувања на авторитарни сценарија од минатото. Опозицијата е клучна за граѓаните и демократијата, особено во вакво опкружување.

Целото интервју на Славјанка Петровска можете да го погледнете на следниот линк

Најнови вести од: Македонија

Градоначалникот на Кичево Јовановски со новогодишна порака заеднички да се продолжи напред со многу позитивна енергија!

„За прв пат во Кичево новогодишната ноќ ја дочекавме заедно сплотени, насмеани и исполнети со надеж и покрај значително студеното време. Ова не беше само прослава, туку почеток на една нова традиција, која ќе ја негуваме и ќе ја правиме уште поголема и уште подобра, поорганизирана.“ – објави градоначалникот на Кичево Александар Јовановски на својот […]

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

To top