Македонија

Петрушевски : Гол популизам и политичко глодарство е предложениот закон за Кочани од страна на СДСМ

Предложениот закон за Кочани од страна на СДСМ е гол популизам и политичко глодарство, рече во вечерашното гостување на Телма пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Владата најпрвин преку СОЗР обезбеди 30 милиони денари за лекување, транспорт и за престој на 2 лица, иако во законот е наведено за едно лице од семејството, за лекување […]

Предложениот закон за Кочани од страна на СДСМ е гол популизам и политичко глодарство, рече во вечерашното гостување на Телма пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Владата најпрвин преку СОЗР обезбеди 30 милиони денари за лекување, транспорт и за престој на 2 лица, иако во законот е наведено за едно лице од семејството, за лекување во странство. Лекувањето комплетно е финансирано од Владата и ова во законот е неприменливо, затоа што веќе е спроведено од страна на Владата. Со одлука на Владата се доделија овие средства, со одлука на Влада се доделија еднократни средства, исто така, семејствата на починатите. За финансискиот момент е непријатно што го зборувам ова вака, меѓутоа се исплатени во неколку транши 700.000 денари на семејствата на починатите, по 700.000 денари на секој. На наменска сметка во Црвен крст се собрани 130 милиони денари, затоа што Владата има таква можност и сите компании, фирми, работодавачи што дојдоа во Владата и сакаа да финансираат беа насочени таму и затоа се собраа толкава сума на средства – рече Петрушевски.

Петрушевски истакна дека Кочани ќе добие многу повеќе финансии од Владата.

– Она коешто ќе го направиме, во делот за финансирање на единиците на локална самоуправа, Кочани ќе добие многу повеќе, дупло повеќе средства за разлика од она што беше претходно планирано. Нормално, веќе се преговара и се потврдени странски инвестиции кои ќе донесат нови работни места, за да направиме економски социјален препород на Кочани – посочи Петрушевски.

Тој е дециден дека овој закон за помош за Кочани што го предложи СДСМ е гол популизам, политичко глодарство и ништо повеќе од тоа.

– Ние на барање на СДСМ и на претседателот на СДСМ овозможивме работни групи, кои треба да седнат и да разговараат. За ова законско решение никогаш никој не побара дебата, туку веќе беше поднесено од страна на СДСМ. Јас како пратеник сум платен од граѓаните и сум должен да го анализирам ова законско решение, да видам дали е применливо, дали е уставно и да видам дали може да биде спроведено. Доколку ги исполнуваше тие критериуми, со задоволство ќе гласав за ова законско решение. Меѓутоа со оглед на тоа што ова законско решение скоро во секој член има спорни моменти и е неспроведливо и неуставно, јас сум должен тоа јавно да го изнесам тука и на собраниската говорница. Да седнеме да разговараме за системски решенија кои ќе значат помош на сите граѓани кои се жртви на какви било несреќи, непогоди итн., да разговараме за подобрување на постојните законски решенија – вели Петрушевски.

Петрушевски го запраша Благој Бочварски зошто во 2021 година кога бил министер за транспорт и врски не иницирал поднесување на еден ваков закон?

– Во септември 2021 година кога се случи пожарот во модуларната болница во Тетово вие бевте министер за транспорт и врски во Владата. Исто така и во ноември 2021 година кога се случи автобуската несреќа во Република Бугарија исто така бевте министер за транспорт и врски. Тогаш загинаа 45 луѓе, во пожарот во модуларната болница во Тетово изгореа 14 луѓе, а во автобуската несреќа кај Ласкарци загинаа 13 луѓе. Зошто тогаш како министер не инициравте поднесување на еден закон со кој ќе им помогнете на сите овие граѓани, туку сега тоа го правите? Што ми е суштината? Да не правиме политизација на овие несреќи, да не се обидуваме да печалиме политички поени врз туѓата несреќа – заклучи Петрушевски.

Извор Тв Телма

Најнови вести од: Македонија

Samsung Galaxy Z Fold8 Ultra, Fold8 и Flip8: Уреди на преклоп, усовршени за секојдневниот начин на живот

Целосно новата Galaxy Z серија отвора ново поглавје во светот на преклопливите уреди со три различни искуства дизајнирани за ултра-продуктивност, импресивно откривање и самоизразување

Проблем со водата и во Валандово, препорачано е да не се пие: арсен има до 14, а максималната граница е 10!

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја известува јавноста дека, согласно со добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен.

Мицкоски: До крајот на летото избор на локација за новиот клинички центар, во оптек и алтернативна блиска локација

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на летото да биде завршен изборот на локација за новиот клинички центар, по што ќе може да започне подготовката за реализација на капиталната здравствена инвестиција.

Трети ден по ред се стабилизира состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Во текот на вчерашниот ден продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти – лица што првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис – покажуваат податоците од јавните здравствени установи во Гостивар.

To top