Македонија

Петрушевски: Преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за 2 милиони евра

Криминалното раководство на ЕСМ во 2023 година, раководено од власта на СДС и ДУИ, наместиле тендер за набавка на „СКАД Ормари мониторинг ормар со ГСМ контролор за топлинска станица“ за потребите на ЕСМ Дистрибуција

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДС, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина од 2 милиони евра, добиени преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалното раководство на ЕСМ во 2023 година, раководено од власта на СДС и ДУИ, наместиле тендер за набавка на „СКАД Ормари мониторинг ормар со ГСМ контролор за топлинска станица“ за потребите на ЕСМ Дистрибуција, а за таа цел договориле две правни лица од Скопје и Куманово да се јават на тендерот.

Едната фирма од Куманово, била пријавена со непотполна документација и со понудена повисока цена, од другата фирма од Скопје која требала да го добие тендерот.

Скопската фирма понудила речиси идентичен износ со проценетата вредност на јавната набавка, иако таа вредност не била објавена во огласот. Со овој чекор, власта на СДС и ДУИ овозможила на правно лице од Скопје да се стекне со противправна имотна корист од речиси 8 милиони евра“, додаде Петрушевски.

„Дополнително, за да ги прикријат делата, осомничените пуштиле во оптек, примиле и пренеле финансиски средства во вредност од 2 милиони евра, со што извршиле кривично дело перење на пари.

Прашуваме, дали ЕСМ била претворена во организирана криминална каса за партиски и лични интереси? Зошто за овој криминал ЈО не постапувало и чекало да помине толку голем временски период? Дали осомничените се само извршители на дејствието, а политичките нарачатели и заштитници се уште се недопирливи? Дали некој од врвот на минатата власт на СДС и ДУИ се уште ЈО го штити?

Времето на неказнивост помина, правда и одговорност мора да има, потенцира Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top