Македонија

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

„Она коешто сега се случува е многу сериозна ситуација затоа што ние имаме едно странско мешање во внатрешните работи на Република Македонија преку лажни вести. Пред некој ден беше споделена јавно дипломатска нота, нешто што е невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на тие односи, на нашиот премиер, на неговото семејство. Во којашто беа изнесени информации за регистрација на возила, лични документи, локација на престој итн. Нешто што е невидено во дипломатскиот свет до сега. Ние такви ноти како држава, исто така, добиваме секојдневно и тоа никогаш не сме ни помислиле како држава, таква информација да биде изнесена“, рече Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски додаде дека во Македонија беа споделувани информации дека одредени функционери, коишто патем не беа ни правилно именувани, имале бугарски пасоши што е апсолутна невистина, но она што загрижува е тоа што бугарска пропаганда, сега за првпат во државата, е користена од страна на една политичка партија во опозиција којашто гради наратив врз основа на ваквите лажни вести.

„Суштината ми е дека тие лажни вести, информации ги пласира Бугарија, а овде имаме домашна политичка партија која врз основа на тие лажни вести потоа држи прес-конференции и гради наратив за да одработи за интересите на Бугарија и за да успее да наметне мнение во јавноста дека ставањето на Бугарите во Уставот не е ништо страшно и тоа е нормална работа“, кажа Петрушевски и додаде:

„Идејата на целото тоа е она што СДС знае да го прави, а тоа е дека тие не очекуваат граѓаните нив да ги донесат на власт, туку тие очекуваат дека одредени странски сили ќе направат одредени потези во Македонија и нив ќе ги доведат на власт, затоа што се свесни дека тие пред граѓаните секако губат“, посочи Петрушевски.

Најнови вести од: Македонија

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА: Дел од кровна конструкција падна врз автомобил додека се движи по улица во скопски Карпош (ВИДЕО)

Споделена е и драматична снимка, во која се гледа како дел од кровна конструкција паѓа врз автомобилот во кој се наоѓаат токму снимателите

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top