Македонија

Пироманот на бугарските коли во Скопје ќе седне на обвинителна клупа

ОЈО поднесе обвинение за лицето кое со бензин ги полеа и ги запали возилата пред Амабасадата на Република Бугарија во Скопје

Обвинителството поднесе обвинение против едно лице за палењето на возила пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, што се случи на 15 јуни годинава. Лицето се товари за кривично дело „Загрозување лица под меѓународна заштита“.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведената истражна постапка поднесе обвинителен акт до Скопскиот Кривичен суд. Според обвинението, обвинетиот на 15 јуни, околу 12:05 часот, пред амбасадата предизвикал пожар со кој создал значителна опасност за животот и телото на лица под меѓународноправна заштита.

– Според дејствата опишани во обвинението, обвинетиот претходно на бензинска пумпа во непосредна близина на Амбасадата наполнил пластично шише со бензин и се упатил кон објектот. Кога се доближил до паркираните возила што ги користеле военото аташе на Република Бугарија и други вработени во Амбасадата, ги полеал со бензинот и ги запалил, по што веднаш го напуштил местото на настанот – се наведува во соопштението.

Од Обвинителството сметаат дека постојат околности кои укажуваат на опасност обвинетиот да стане недостапен за органите на прогонот и со тоа да го попречи водењето на кривичната постапка.

При предлагањето на продолжување на притворот биле земени предвид и висината на запретената казна, како и природата на дејствијата што му се ставаат на товар, насочени кон сигурноста и правата на лица под меѓународноправна заштита, меѓу кои и дипломатски претставници. Согласно Кривичниот законик, за кривичното дело за кое се товари обвинетиот е предвидена казна затвор од најмалку една година.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top