Македонија

Писателот Венко Андоновски доби демант за тврдењето дека музејот на Петре М. Андреевски се распаѓа

Осуда за практикатајавни личности да шират непроверени и невистинити информации преку социјалните мрежи

Писателот Венко Андоновски доби демант за тврдењето дека музејот на Петре М. Андреевски во Демирхисарско се распаѓа.

Во соопштение за јавност од Никола Најдовски, градоначалник на Општина Демир Хисар се вели дека Андоновски лаже кога објавува дека музејот на македонскиот великан е во лоша состојба и се соочува со уништување поради, како што тврди писателот, влага и несоодветен покрив.

 

Целиот пост на Андоновски во кој тој состојбата со музејот на Андреевски ја прикажува како катаклизмична на овој ЛИНК

 

Во демантот од градоначалникот  на Демир Хисар се објавуваат фотографии кои докажуваат дека сепак Македонија достојно се грижи за музејот на великанот на македонскиот збор.

 

Во демантот кој го пренесуваме во целост од Андоновски (за кого на социјалните мрежи се потсетува дека бил советник на екс премиерот Зоран Заев) се бара да не ја манипулира јавноста со лажни информации особено кога се работи за културното наследство.

 

 

 

📍 СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

 

Повод: Реакција на објавата на Венко Андоновски и ширење на неточни информации

 

Во врска со неодамнешната објава на г. Венко Андоновски, во која се изнесуваат неточни и манипулативни тврдења за наводна негрижа кон меморијалната поставка на Петре М. Андреевски во с. Слоештица, Општина Демир Хисар го упатува следново официјално соопштение:

 

🔹 Меморијалната поставка се наоѓа во одлична состојба – и објектот и експонатите се редовно одржувани. Објектот е во сопственост на Општина Демир Хисар, а неговото управување е доверено на невладина организација избрана на јавен повик, спроведен и усвоен од страна на Советот на Општината, согласно сите законски и демократски процедури.

 

🔹 Во текот на последните четири години – односно во рамки на актуелниот мандат – Општина Демир Хисар спроведе повеќе конкретни активности за афирмација на ликот и делото на Петре М. Андреевски, меѓу кои:

• 🏛️ Преименување на градската библиотека со неговото име,

• 🎨 Изработка на впечатливи мурали на Домот на културата посветени на неговото дело,

• 📚 Поддршка на културни настани и проекти што ја слават неговата книжевна оставнина.

 

🔹 Сите овие активности се резултат на институционална грижа и се реализирани во овој мандат, во духот на почит кон националното културно наследство.

 

Посебно ја осудуваме практиката на јавни личности да шират непроверени и невистинити информации преку социјалните мрежи, без ниту обид за контакт или консултација со надлежните институции. Таквиот пристап не придонесува кон заштита на културните вредности, туку напротив – создава лажна слика и недоверба во институциите кои секојдневно вложуваат труд и средства во таа насока.

 

Јавната комуникација преку социјални мрежи, особено кога се заснова на дезинформации и претпоставки, е недозволив начин на однос кон сериозни теми како што е културното наследство.

 

Општина Демир Хисар ги охрабрува сите граѓани, културни дејци и јавни личности да соработуваат институционално и одговорно, а не преку сензационализам и злоупотреба на медиумскиот простор.

 

Со почит,

Никола Најдовски

Градоначалник на Општина Демир Хисар

05.08.2025

 

На реакцијата на градоначалникот реагираше и семејството на великанот

Заштитено ли е навистина делото на македонскиот великан?

Сергеица од Воденчаровци до Никола Најдовски за Петре М. Андреевски: Ако грешам, нека изгорам

 

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top