Македонија

Платежната недисциплина во Европа: Дигитализацијата клуч за подобрување, ЕОС Матрих Македонија како регионален фактор

Платежната недисциплина во Европа продолжува да биде сериозен предизвик за компаниите и финансискиот сектор, покажува најновата студија „Европски платежни практики 2025“ на EOS Group, спроведена меѓу 2.200 финансиски менаџери од 11 европски земји. Според резултатите, од околу 18 милијарди фактури кои секоја година се издаваат во Европа, приближно секоја четврта се плаќа со задоцнување или воопшто не се плаќа. Притоа, 19% од фактурите се подмируваат по рокот, а 5% остануваат целосно ненаплатени. Само околу една третина од компаниите се потпираат на надворешни сервис-провајдери за управување со побарувања. Истражувањето покажува дека слабата платежна дисциплина создава сè поголем притисок врз ликвидноста на компаниите, влијае врз инвестициите и ја зголемува потребата од поефикасно и дигитализирано управување со побарувањата

Причините за доцнењата се различни кај приватните и кај деловните клиенти. Кај приватните клиенти најчести причини за доцнење се краткорочни проблеми со ликвидност, кои ги наведуваат 54% од компаниите, како и заборавеност кај 51% од случаите. Кај деловните клиенти пак, 61% од компаниите посочуваат дека нивните клиенти доцнат поради проблеми со наплата од нивни сопствени должници, 57% го наведуваат искористувањето на кредитните рокови, додека 48% сметаат дека бавните и недигитализирани процеси директно придонесуваат за доцнење. Значителен дел од испитаниците сметаат и дека дел од клиентите свесно ги одложуваат плаќањата, што дополнително ја усложнува наплатата и управувањето со ризикот.

Во вакви услови, дигитализацијата сè повеќе се наметнува како клучен фактор за подобрување на ефикасноста. Но, студијата покажува дека само околу 12 отсто од европските компании имаат целосно дигитализирани процеси за управување со побарувања, додека голем дел сè уште се потпираат на делумни или рачни системи. Токму фактот што компаниите ги посочуваат бавните и недигитализирани процеси како еден од клучните фактори за доцнење, отвора значаен простор за автоматизација и примена на вештачка интелигенција. Во својата студија, од EOS Групацијата нагласуваат дека иднината на управувањето со побарувања ќе биде силно поврзана со интелигентни дигитални решенија.

Во вакви услови, дигитализацијата сè повеќе се наметнува како клучен фактор за подобрување на ефикасноста. Но, студијата покажува дека само околу 12 отсто од европските компании имаат целосно дигитализирани процеси за управување со побарувања, додека голем дел сè уште се потпираат на делумни или рачни системи. Токму фактот што компаниите ги посочуваат бавните и недигитализирани процеси како еден од клучните фактори за доцнење, отвора значаен простор за автоматизација и примена на вештачка интелигенција. Во својата студија, од EOS Групацијата нагласуваат дека иднината на управувањето со побарувања ќе биде силно поврзана со интелигентни дигитални решенија.

Последиците од оваа состојба веќе сериозно се чувствуваат во европската економија. Речиси половина од компаниите пријавуваат намален профит како директна последица од неплатените фактури, значителен дел имаат повисоки трошоци за финансирање, додека многу компании биле принудени да ги намалат или одложат инвестициите.

Дел од испитаниците наведуваат дека ваквата состојба претставува и ризик за нивната долгорочна одржливост. Во рамки на студијата, од EOS Group посочуваат дека колку подолго компаниите чекаат на своите средства, толку е поголема веројатноста тие никогаш да не бидат наплатени. Студијата говори и дека европските компании очекуваат посилна институционална поддршка за подобрување на платежната дисциплина.

Половина од испитаниците сметаат дека е неопходно намалување на бирократските процедури, додека голем дел бараат поедноставни и поефикасни правни механизми за наплата, како и појасни регулативи и подобри механизми за проверка на кредитоспособноста. Во услови на растечки предизвици, EOS Матрих Македонија останува фокусирана на развој на транспарентни, ефикасни и одржливи решенија, кои придонесуваат за подобра финансиска дисциплина, поддршка на економијата и унапредување на современите европски практики на домашниот пазар.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија ги брани државните интереси достоинствено и со аргументи

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави, оцени премиерот

(Фото): Македонскиот рубин да се заштити како дел од природното наследство на земјата

„Македонски рубин“ добива правна заштита, но и се отвора следната фаза – практична примена на заштитата и воспоставување систем кој ќе гарантира дека називот се користи само за производи што ги исполнуваат утврдените услови.

To top