Македонија

Платформа „12:05“: Полноправното членство во ЕУ е државно прашање

Најавите на ЕУ за постепена интеграција е шанса Македонија повторно да се приклучи на групата со Црна Гора и Албанија

Полноправното членство во ЕУ е државно прашање што ги надминува мандатите на поединечни влади и ниту една политичка партија нема ексклузивно право на евроинтегративниот процес ниту монопол врз патриотизмот.

Време е за акција за конечно градење на македонско политичка и мултиетничка унификација на позициите за неопходните уставни измени и основни правни гаранции без кои не можеме да направиме чекор напред кон полноправното членство во ЕУ, порачуваат организаторите на “Платформата 12:05” по извештајот на ЕК

Според нив најавите на  ЕУ за постепена интеграција е шанса Македонија повторно да се приклучи на групата со Црна Гора и Албанија. Но мора да ги спроведе реформите како итно  воведување една изборна единица и отворени листи.

„Крајно време е сите политички актери да престанат да ги злоупотребуваат извештаите на Европската комисија за дневнополитички пресметки. Полноправното членство во ЕУ е едно од најважните државни прашања кое ги надминуваат мандатите на една или друга политичка влада. Никој нема ексклузивно право на евроатлантските интеграции, како што и никој не може да си припишува монопол за македонскиот патриотизам“, велат од Платформата

На партиите на етничките Албанци им порачуваат ги надминат меѓусебните обвинувања за етнички прашања и да престанат да создаваат идентитетски спорови што, како што велат од платформата, потоа ги користат за политички пресметки зад кои се кријат бизнис и тендерски интереси.

Екс функционерите на СДСМ со конкретен предлог за борбата со корупција:

“Спроведување на уставно-законски измени кои ќе спречат застарување на кривичното гонење за кривични дела сторени со политичка корупција од избрани и именувани лица;

Испитување на потеклото на движен и недвижен имот на сите сегашни и претходни избрани и именувани лица и нивните потесни семејства”,порачуваат организаторите

“Опстанокот и постоењето на висока политичка корупција не може да биде критикувана од творците на скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023-та за што Европската комисија и во 2026 нотира сериозни забелешки, а тоа ги засега партиите и од сегашната власт и од опозицијата, велат организаторите на “Платформата 12:05”

Во порака до СДСМ и Венко Филипче за односот со медиумите, тие велат:

“Слободата на медиумите не може да ја бранат оние кои секојдневно го контаминираат јавниот дискурс со приземен речник и пласирање клевети и навреди за сите кои мислат поинаку”, велат организаторите

Оттаму го поздравуваат високиот процент на граѓани што се за ЕУ и покрај сите отстапки, разочарувања и предизвици.

На политичарите им порачуваа дека никој не може да си препишува  монопол за македонскиот патриотизам, а и никој нема ексклузивно право на ЕУ интеграции

 

Најнови вести од: Македонија

Шарените уплатници заминуваат во историја – ќе се применуваат нови стандарди во денарскиот платен промет

Активностите на банките се дел претходно најавените регулаторни промени што се однесуваат на новите платни налози, шифрите за целта на плаќањето и користењето на платежните сметки во ИБАН-формат.

Закон без чад што ќе функционира и надвор од хартијата

Решение што навистина функционира бара јасни обврски за објектите, видливо и разбирливо означување, обучен персонал и инспекциски надзор што се спроведува доследно, а не повремено. Во делот на продажбата, неопходни се проверки на возраста, следење на увозот и брза реакција против нелегалните канали.

Почнува со работа Центар за историски студии посветен на делото на професорката Наде Проева

Центарот за историски студии „Македоника – Наде Проева“ ја објави нејзината докторска дисертација и тоа е прво издание во серијата посветена на научното творештво на професорката

To top