Македонија

По Филипче и Шилегов обвинува дека одработува за власта: Општинската организација а не Венко може да ме исклучи од партијата

За жал, во Извршниот одбор нема кој да го прочита Статутот, вели Шилегов

Поранешниот скопски градоначалник и пратеник од редовите на СДСМ, Петре Шилегов, денеска изјави дека во согласност со партискиот статут, исклучување на член извршува општинската организација каде што тој припаѓа и го повика лидерот на партијата Венко Филипче, доколку сака да спроведат таква иницијатива да дојде во организацијата во Карпош, за да разговараат со членството, за кое, рече, ќе се потруди да биде многубројно, како за неговото исклучување, така и за заминувањето на Филипче.

– Ако го прочитале Статутот, за жал таму во Извршниот одбор нема кој да го прочита, ќе им биде јасно дека исклучувањето на член на СДСМ го извршува општинската организација, каде што припаѓа, во која што претседателот Филипче првпат влезе кога беше избран за претседател. Па еве ќе ја искористам приликата ако веќе сака да спроведат такви иницијатива да дојде во општината Карпош, таму ќе разговараме со членството, јас ќе се потрудам да има сериозно многу, и за моето исклучување, меѓутоа и за неговото заминување. Во однос на тоа дека тие завршиле, тој завршил со Петре Шилегов, јас тоа нема да дозволам. Сето она што го имам направено во својот живот професионално, но уште повеќе политички, тоа што го имам направено за СДСМ и што се уште го правам, нема да дозволам да го валка човек којшто е нестатутарно избран за претседател – изјави Шилегов на паузата на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, каде застапува еден од обвинетите.

Шилегов додаде дека се потврдиле неговите ставови, изнесени во интервјуто за Сител во неделата, дека ова раководство на СДСМ целосно одработува во договор со ВМРО–ДПМНЕ за интересите на владејачката партија, а не за СДСМ и нејзиното членство.

– Кажав очигледно дека постои договор, којшто предвидува СДСМ да биде во ваква состојба во каква што е, упорно да ги промашува темите и да дозволи ВМРО-ДМНЕ да истера два мандата, за сметка на тоа да не бидат предмет на определени можни евентуални истраги или кривични предмети. Исто така се докажа и второто мое тврдење дека, за жал партијата е кадровски целосно исцрпена и дека луѓето на коишто им значи СДСМ, а се сериозен фактор во нашата држава, веќе не се таму – нагласи Шилегов.

Тој додаде дека платформата си продолжува, стратегијата се развива и повтори дека ќе го замолат ова раководство на СДСМ да си замине и да ја ослободиме политичката партија.

Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, вели Филипче

 

– СДСМ е партија што ја има создадено независна Македонија, СДСМ е партија на илјадници, илјадници истакнати луѓе. СДСМ не е сопственост на една групација, па со нејзе да се пазарат за својата слобода – рече Шилегов.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција во партиското седиште, појаснувајќи ја одлуката на Извршниот одбор за иницирање постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство во партијата, изјави дека таа е донесена со консензус откога, по сите нивни проверки и информации, заклучиле дека станува збор за процес за одработување за ВМРО-ДПМНЕ и обид за внатрешна поделба на партијата.

Извршниот одбор на СДСМ вчера донесе одлука и иницира постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство во партијата.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top