Македонија

По оставката на Коцевски: Ќе биде ли Савески новиот државен обвинител?

Овој избор е од клучно значење за правосудниот систем, особено во борбата против организираниот криминал и корупција, каде што Савески има долгогодишно искуство.

Утре, Собранието на Република Македонија треба да се изјасни за предлогот Владата да го избере Ненад Савески за нов државен јавен обвинител.

Савески, актуелен судија во Основниот кривичен суд – Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се натпреваруваа петмина кандидати.

За да биде избран, Савески му требаат најмалку 61 пратенички глас во пленарна седница.

Неговата кандидатура доаѓа по неотповикливата оставка на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски во декември минатата година.

По оставката, функцијата привремено ја презеде обвинителката Анита Тополова-Исајловска како в.д., но таа не може да остане на позицијата подолго од шест месеци.

Ненад Савески е роден во 1976 година во Гостивар, каде што живее. Оженет е и татко на тројца деца.

Магистрирал по правни науки – казнено право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје, каде што ги завршил и основните студии. Правосудниот испит го положил во 2003 година, а средното образование го стекнал во гимназијата „Панче Попоски“ во Гостивар.

Професионалната кариера на Савески започнала во 2000 година како судски приправник во Основниот суд Гостивар (до 2002), потоа како стручен соработник во истиот суд (2004–2009), а од 2009 до 2016 година работел како јавен обвинител во Основното јавно обвинителство.

Од 2016 година е судија во Основниот кривичен суд Скопје, во одделот за организиран криминал и корупција.

Во својата биографија истакнува богато меѓународно и експертско искуство: бил експерт во ОБСЕ Македонија, во Националната конвенција за ЕУ (Поглавје 23), како и во проекти на Советот на Европа, ОБСЕ и УСАИД.

Учествувал во работни групи за судски и законски реформи, посебни истражни мерки, притвор и кривична постапка.

Академски, Савески е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители, национален тутор и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа, како и обучувач за човекови права и кривично право.

Автор е и коавтор на трудови за посебни истражни мерки, слобода на изразување, клевета и навреда, конфискација на имот, право на приватност, како и на повеќе стручни водичи и публикации.

Зборува македонски, англиски, германски, српски и основен албански јазик.

На огласот се пријавија уште Анита Тополова-Исајловска (сегашна в.д.), Ленче Ристовска, Владимир Панчевски (поранешен претседател на Кривичниот суд) и Лидија Раичевиќ. Советот на јавните обвинители на 17 февруари даде позитивно мислење за четворица: Тополова-Исајловска, Ристовска, Савески и Раичевиќ, додека за Панчевски едногласно одлучи дека не ги исполнува условите за работен стаж.

Според Законот за Јавното обвинителство, по огласот следуваа мислења од Советот, а Владата го избра Савески од четворицата одобрени кандидати. Доколку утре не се обезбедат 61 глас, би можело да се отвори нов оглас.

Овој избор е од клучно значење за правосудниот систем, особено во борбата против организираниот криминал и корупција, каде што Савески има долгогодишно искуство.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

To top