Македонија

По пет години Македонија ќе се врати на Евровизија

Последното учество беше во 2022 година, кога нашата земја ја претставуваше Андреа Коевска со песната „Circles“ (Кругови)

 

 

Македонија ќе учествува на следното издание на Евровизија 2027, потврди директорот на Македонската радиотелевизија, Зоран Ристоски.

На јавната седница на Програмскиот совет на МРТВ, на која присуствуваа претставници на професионални здруженија, медиумски организации и надлежни институции, Ристоски објави дека имал состаноци со претставници на Европската радиодифузна унија и дека со сигурност може да се каже дека Македонија ќе испрати претставници на европскиот музички фестивал во 2027 година.

Тој нагласи дека МРТВ има поддршка од ЕБУ за промоција на културните вредности на Македонија и очекува јавниот радиодифузен сервис да има корист од поповолен пакет за враќање на Евровизија.

Последен пат Македонија учествуваше на Евровизија 2022, кога Андреа Коевска ја претставуваше земјата со песната „Кругови“, избрана преку националниот избор за Евросонг.

Најдобар резултат за Македонија постигна Тамара Тодевска со песната „Proud“ (Горд) во 2019 година, кога се рангираше на седмото место.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top