Македонија

Почина 16- годишното момче, кое со мотоцикл удри во џипот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев

Во скопско Марино

Од семејството на 16- годишното момче од Идризово за Канал 5 потврдиле дека тој им подлегнал на повредите , здобиени на 14 септември , кога со мотоцикл се забил во џипот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев.

Сообраќајката се случила на 14 септември во село Марино во општина Илинден, помегу патничко возило „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.36 години од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од с.Идризово, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека, со телесни повреди се здобиле С.Ј. и неговиот сопатник Х.М.25 години од Вевчани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од Свр Скопје, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопштија од МВР.

Од партијата на пратеникот демантираат дека Сашко Јанчев возел под дејство на алкохол и над дозволената брзина, и информираат дека моторциклот се забил во вратата на автомобилот.

-Сообраќајната несреќа се случила ноќеска по полноќ, при удар на нерегистриран и неисправен моторцикл без светло, управуван од малолетник без возачка дозвола и без заштитна кацига, кој возејќи со неприлагодена брзина на патот, практично се забил во совозачката врата на автомобилот управуван од пратеникот Јанчев, кој во тој момент имал вклучен жмигавец за вртење десно, објави тогаш МВР.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top