Македонија

Почна струмичкиот карневал: Осум дена забава за сите

Отворен струмичкиот карневал

Со симболично предавање на клучот од градот од градоначалникот Петар Јанков на карневалџиите, вечерва во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања. Јанков ѝ го предаде клучот на претседателката на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Танкица Стојанова, со што беше означен почетокот на годинашното карневалско издание.

– Деновиве нѐ очекува интересна програма организирана од Карневалскиот одбор и поддржана од Општината. Се надевам дека ова карневалско издание ќе биде едно од најуспешните и им посакувам добра забава и пријатна атмосфера на сите учесници во ова наше струмичко̀ карневалско чудо – рече градоначалникот Петар Јанков.

Претседателката на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Танкица Стојанова вети дека претстојните денови ќе бидат мирни и дека ќе има ред во Струмица и сите ќе бидат насмеани, весели и разиграни.

– Вечерва ќе ветиме една работа – во таа една недела ќе има само позитивна енергија, многу насмевки, многу среќа, многу дружба, музика и да бидеме највесели – рече Стојанова.

На јарболите пред Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица беа кренати државното и знамињата на Струмичкииот карневал и FECC, а струмичките мажоретки традиционално со свој настап ги најавија претстојните карневалски настани, од кои најважниот – Главната карневалска вечер ќе се одржи в сабота на 21 овој месец.

Веднаш потоа во Градската уметничка галерија беше отворена изложба на карневалски маски на Цветко Багашовски, кој годинава одбележува 35 години учество на Карневалот.

Карневалските празнувања утре продолжуваат со објавување на резултатите од литературниот конкурс на струмичката библиотека на тема карневал и Карневалски мјузикл кој ќе се одржи во НУЦК „Антон Панов“.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top