Македонија

Почна судењето за поранешната претседателка на Антикорупциска

Обвинета за две кривични дела

Поранешната претседателка на Антикорупциска седна во обвинителна клупа. На Татјана Димитровска и се суди за оддавање службена тајна, како и компјутерски криминал бидејќи во нејзино име друг го полагал тестот за сертификат за „државна тајна“. Доказите за двете кривични дела, беа пронајдени во нејзиниот мобилен телефон. Од јавното обвинителство велат дека се уште траел процесот на проверка на мобилниот на Димитровска, а дел од податоците откривале сомнежи и за други кривични дела.

„Имајќи предвид дека се работи за околу 250 илјади електронски записи од телефонот на претседателката, меѓутоа сакам да ве известам дека заедно со колегата паралелно додека се врши анализата на податоците од телефонот, Јавното обвинителство презема и други дејствија, како прибавување на потребни податоци од сите надлежни институции и сослушување на сведоци по однос на одредени индиции коишто произлегуваат од овие податоци“, изјави Наташа Поп Трајкова, Јавен обвинител во ОЈО ГОКК.

Димитровска одговара за оддавање информации на Небојша Стојановиќ за кој антикорупциска водела предмет, а подоцна беше обвинет во предметот „Адитив“. Според обвинението, екс антикорупционерката не го полагала ниту тестот за сертификат за државна тајна. Тоа во нејзино име го направил ревизорот Миле Столевски, па и тој е обвинет за компјутерски фалсификат. Одбраната очекува ослободителна пресуда. Информациите споделени од Димитровска смета дека не биле службена тајна, туку јавни кои се говореле на седници, а сертификатот за државна тајна не се добивал од електронскиот текст туку според проценката на Ангенцијата за национална безбедност.

Во случајот ќе и се суди и на раководителката од ТЕЦ Неготино, Билјана Петровска Мантева, додека постапката за Борче Најдов ќе продолжи во склоп на случајот Адитив. Обвинителството бараше спојување со тој предмет и за другите обвинети, но судот го одби предлогот. На крајот на идниот месец на подготвително судско рочиште ќе се анализираат доказите по што ќе биде закажан и официјалниот старт на судењето за Димитровска и останатите обвинети.

https://www.youtube.com/watch?v=cem6myeghRU

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top