Македонија

Подметнати два пожари на тешко достапни локации

Подметнати два пожари на тешко достапни локации

Подметнати пожари зафатија тешко достапни локации на Тиквешко езеро. Се прави се што е во наша моќ за истите целосно да се изгаснат, соопшти градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Во акцијата за гаснење се вклучени 3 возила БТР, 1 хермелин, 5 возила „пинцгауер“, 3 противпожарни возила, 1 камион на шумско стопанство. На терен се 30 лица, како и 2 авиона за гаснење пожари.

Се соочуваме со два сериозни пожари на непристапни и ризични терени, кои се предизвикани од човечка рака. Се апелира за совесност и одговорност, бидејќи подметнувањето пожари претставува директна закана за природата, луѓето и материјалните добра – рече Јанчев.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

To top