Македонија

Појак е од Рама и Курти, ги собра Ахмети, Гаши, Таравари и Меџити на купче (ФОТО)

Домаќинот на албанската политичка елита во Македонија неофицијално тежи повеќе милијарди евра

Газдата на фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово е ,,појак” од албанскиот премиер Еди Рама и најмоќниот косовски политичар екс премиерот Албин Курти кои имаат свое влијание меѓу албанските политичари во Македонија.

Сопственикот на компанијата Еколог Љазим Дестани вчера успеа да ги собере на исто место лидерот на ДУИ Али Ахмети, собранискиот спикер Африм Гаши, лидерот на фракцијата на Алијансата на Албанците Арбен Таравари и вицепремиерот Изет Меџити.

Поводот не беше политички туку спортски, тие седеа во ВИП ложата на градскиот стадион во Скопје каде се играше мечот од третото квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу Шкендија и Карабах од Азербејџан.

 

Дестани сепак не ги споил целосно најважните гости кои не седат еден до друг туку од неговата лева и десна страна, Ахмети и Таравари од една а Гаши и Меџити од друга страна.

Според тоа што се гледа од објавените снимки гостите во ВИП ЛОЖАТА на Градски од масичињата покриени со чаршаф, на располагање имале вода, пепељари, кикирики и бадеми.

Гостите биле сведоци на националистичко навивање на навивачката група Балисти која барала ,,Голема Албанија” и Илирида.

 

За жал Шкендија во првиот меч беше поразена и сега ќе мора да победи во Баку на 12 Август ако сака да оди понатаму.

 

Бизнисот на вчерашниот домаќин на албанската политичка елита во Македонија и газда на Еколог, Љазим Дестани, неофицијално тежи повеќе милијарди евра.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top