Македонија

Поклон пред споменикот на борците кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија.

Нивната жртва и нивното дело се дел од нашата историја и наша обврска е да го чуваме споменот за нив, објави министерот за одбрана Владо Мисајловски

во пресрет на 18 август Денот на формирањето на Армијата на Република Северна Македонија, владина делегација составена од министрите за одбрана, внатрешни работи и социјална политика, Владо Мисајловски, Панче Тошковски и Ѓоко Велковски, заедно со делегација на Армијата, со воени почести положи венци на партизанските гробишта во Скопје, пренесе МИА.

Венци со свежо цвеќе биле положени и на вечните почивалишта на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров, како и на генералот Михаило Апостолски.

„Со воени почести положивме венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта и на вечните почивалишта на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Глигоров и на генералот Михаило Апостолски.

Нивната жртва и нивното дело се дел од нашата историја и наша обврска е да го чуваме споменот за нив. Нека им е вечен споменот, објави министерот за одбрана“, објави министерот за одбрана Владо Мисајловски на Фејсбук .

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top