Македонија

Покрај директорот Рустеми, уапсен е и раководителот во „Комунална хигиена“

Покрај директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје Сабахудин Рустеми уапсен е и Аки Саити од Сарај, раководител во Комунална, за несобирањето на ѓубрето во Скопје.

Покрај директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје Сабахудин Рустеми уапсен е и Аки Саити од Сарај, раководител во Комунална, за несобирањето на ѓубрето во Скопје.

По наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, полициски службеници привеле две лица и се преземаат дејствија за обезбедување докази.

„Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top