Македонија

Поларен вител ги погоди САД: Најмалку 30 загинати и над половина милион домаќинства без струја

Најмалку 30 лица го загубија животот во голема зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави, од кои седум лица загинаа во авионска несреќа во неделата навечер. Истовремено, милиони Американци се соочуваат со последиците од арктички студови, поради кои утринава над 530.000 домаќинства останаа без електрична енергија.

In this image provided by the City of Oxford, Miss., snow and ice cover trees and streets as a winter storm passes through, Sunday, Jan. 25, 2026, in Oxford, Miss. (Josh McCoy/City of Oxford, Miss. via AP)

Се очекува температурите дополнително да се намалат во наредните денови под влијание на поларниот вител – воздушна маса која обично циркулира над Северниот Пол, но се прошири кон југ, особено во северните делови на земјата, каде што почувствуваната температура може да достигне и до минус 45 степени Целзиусови.

Обилните снежни врнежи, со над 30 сантиметри снег во околу 20 сојузни држави, предизвикаа масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Според специјализираниот портал poweroutage.us, утринава нешто повеќе од 530.000 корисници сè уште беа без струја, главно во јужните делови на САД, во сојузните држави Мисисипи и Тенеси, каде што мразот оштетил електропреносни линии.

Повеќе од 175.000 лица се погодени во Тенеси, над 140.000 во Мисисипи, а речиси 100.000 корисници се без електрична енергија во сојузната држава Луизијана.

Според локални медиуми, проблемите со снабдувањето со електрична енергија може да траат и во наредните денови.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Спорот не се сведува само на јазикот тој задира и во други идентитетски прашања

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен неодамна јавно побара продолжување на разговорите, а претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Софија настапи со слична порака, дури и посочувајќи на потребата од одредени гаранции. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ова го толкува како јасна промена во односот на Унијата.

Зошто во Македонија секој трет стан е празен?!

Во Македонија има доволно станови за парадоксот да изгледа неверојатно: според последниот попис, повеќе од 307 илјади станови се ненаселени, односно секој трет стан во земјата нема постојани жители. А сепак, квадратниот метар продолжува да поскапува, во Скопје и Охрид на атрактивните локации веќе се пробиваат и границите од 3.000 евра.

To top