Македонија

Полицијата разбива организирана мрежа за нелегален престој на странци

Со цел сузбивање на организирана шема за нелегално регулирање на престој на странски државјани во земјава, денеска е зголемено присуство на полицијата во Штип, Скопје и на дел од граничните премини кон Косово, јавува Плусинфо. Според неофицијални информации, акцијата опфаќа претреси на повеќе од 10 локации. Се претресуваат домови и возила, а се вршат и […]

Со цел сузбивање на организирана шема за нелегално регулирање на престој на странски државјани во земјава, денеска е зголемено присуство на полицијата во Штип, Скопје и на дел од граничните премини кон Косово, јавува Плусинфо.

Според неофицијални информации, акцијата опфаќа претреси на повеќе од 10 локации.

Се претресуваат домови и возила, а се вршат и лични претреси. Претреси се вршат и во службени простории на МВР, вклучително и во Канцеларијата за странци во зградата на Македонската телевизија.

Неофицијално се дознава дека се одземаат лични предмети, мобилни телефони и значајна документација поврзана со криминалната шема.

Извори на МВР брифираат дека криминалот ја јаде државата одвнатре, но очигледна е решителноста на полицијата да го воспостави редот и да сузбива разни облици на организиран криминал кој длабоко е вкоренет во администрацијата на секое можно ниво, пишува Плусинфо.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top