Македонија

Попов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра, кој e сега 51,7% од БДП

Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 9,432 милијарди евра или 51,7 проценти од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов на денешната прес-конференција.

Според Попов, покрај намалувањето на јавниот долг во вториот квартал од годинава, забележано е и намалување на државниот долг за 0,2 процентни поени од БДП на месечно ниво. „Ова ниво на државен долг е едно од најниските во подолг временски период и покажува дека во државата има власт која не ги трупа обврските, туку редовно и навремено ги сервисира“, изјави Попов.

Тој оцени дека економските показатели се резултат на, како што рече, интензивната работа на Владата, домаќинското работење и политиките насочени кон економски развој и подобрување на животниот стандард. Попов нагласи дека, според него, по преземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ бил саниран економскиот пустош преку инвестиции и реализација на капитални проекти.

Тој посочи дека БДП бележи позитивен раст од три или над три проценти седум квартали по ред, додека инфлацијата, според неговите зборови, се одржува под контрола и изнесува 3,4 проценти, што ја вбројува меѓу најниските во регионот. Попов додаде дека Владата ќе продолжи со политики насочени кон стабилизирање на јавните финансии и поттикнување на економскиот развој со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top