Македонија

Поранешната економска директорка на Токсикологија Бесија Илјази ќе враќа околу 10.000 евра за хонорари што незаконски ги давала

Илјази во мај 2024 година склучувала договори за дело со лица за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи.

Поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Илјази, со судска одлука треба да врати 659.831 денари, сума што клиниката ја исплатила како хонорари за спорни ангажмани. Одлуката е донесена во граѓанска постапка по тужба на клиниката, со која се бараше надомест на материјална и нематеријална штета. Но  судот, според информациите што ги објавија медиумите, ја уважил тужбата во делот на материјалната штета – односно враќање на исплатените пари за хонорари.

Иљази беше осудена со признание на вина за „злоупотреба на службена положба и овластување“ на условна осуда со заштитен надзор на казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 4 години не стори ново кривично дело. Таа ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица.

Новиот директор на Клиниката за токсикологија, професор доктор Андон Чибишев, откако беше разрешена Иљази им соопшти на 18-те ангажирани со договор на дело од болницата кои со месеци незаконски одеа на работа – повеќе да не доаѓаат, со исклучок на биологот, бидејќи беше потребен за опстојување на токсиколошката лабораторија.

Најнови вести од: Македонија

Повеќе инциденти во Скопје во последното деноноќие: Напад врз полицајци пред дискотека во Карпош

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

Мицкоски: Иднината на глобалниот развој на светот ќе ја дефинираат вештачката интелигенција и енергијата

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето пред млади лидери и претставници на Европските демократски студенти истакна дека иднината на глобалниот развој ќе биде дефинирана од вештачката интелигенција и од енергетскиот сектор.

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top