Македонија

Поранешни функционери на ФФМ заработија кривични пријави

Управниот одбор на ФФМ, по темелна постапка и сознанија од Одделот за интегритет, едногласно донесе одлука за суспензија на ОФС Охрид поради грубо кршење на Статутот и актите на Федерацијата.

СВР Охрид  поднесе кривична пријава против Цане Милошески (претседател на Општинскиот фудбалски сојуз Охрид – ОФС Охрид) и Никола Цветкоски (секретар на ОФС Охрид) за сторени две кривични дела: фалсификување исправа (член 378 од Кривичниот законик) и друго кривично дело по член 247 од КЗ.

Според пријавата, во текот на 2024 година двајцата во повеќе наврати внесувале неточни и нецелосни податоци во КОМЕТ-системот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за натпревари кои воопшто не се одиграни, како и за лица кои наводно учествувале на тие натпревари, а не биле регистрирани како играчи или судии. Целта била ОФС Охрид да обезбеди свои претставници во органите на ФФМ.

Уште во мај 2025 година, Управниот одбор на ФФМ, по темелна постапка и сознанија од Одделот за интегритет, едногласно донесе одлука за суспензија на ОФС Охрид поради грубо кршење на Статутот и актите на Федерацијата.

Главните причини за суспензијата беа:

Изготвување и употреба на фиктивни записници од натпревари кои никогаш не се одиграни, а се заведени со конкретни резултати;
Во КОМЕТ-системот е заведено дури и лице починато пред повеќе години како учесник на тие натпревари;
Судии дале писмени изјави дека биле внесувани во записници без нивно знаење и согласност, односно воопшто не суделе, а некои од нив дури не се ниту судии;
Целосната „Б“ општинска лига во рамките на ОФС Охрид е измислена и не постои.

Со овие дејствија е нарушен интегритетот на натпреварувањето и довербата во работењето на сојузот.

ФФМ најави дека ќе поднесе дисциплинска пријава против Милошески и Цветкоски до соодветната дисциплинска комисија, со предлог за дополнителни мерки согласно Дисциплинскиот правилник и Статутот.

Цане Милошески и Никола Цветкоски се исклучени од фудбалската организација и им е забрането вршење на каква било функција поврзана со фудбалот.

Најнови вести од: Македонија

Стојков: Грција и Бугарија немаат правна основа за примопредавање на моштите на македонскиот цар Самуил, тоа ќе се користи заради пропаганда против Македонија!

  „Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата, којаја објави информативниот портал […]

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

Најнови вести

To top