Македонија

Поранешниот владин претставник за олеснување затегнатите на односите со Бугарија стана бизнисмен

Поранешниот премиер и специјален владин претставник за олеснување на затегнатите односи со Бугарија, Владо Бучковски, презеде фирма и официјално стана бизнисмен.

Поранешниот премиер и специјален владин претставник за олеснување на затегнатите односи со Бугарија, Владо Бучковски, презеде фирма и официјално стана бизнисмен.

Тој е единствен сопственик на Хербос Дооел Скопје, компанија регистрирана на почетокот на 2025 година од Ристо Коруноски. Управител е Елисавета Коваческа Коруноска, а регистрираната дејност е трговија на големо со пијалаци.

Бучковски ја потврди информацијата и изјави дека дејноста на друштвото ќе се одвива во рамки на трговија, посредништво и консалтинг, без да изнесе повеќе детали во овој момент, бидејќи, како што рече, „има време за тоа“.

„Да, точно е. По долгогодишно пријателство, сега со семејството Коруноски започнуваме и деловна соработка со многу амбициозна агенда. Но, чекор по чекор“, изјави поранешниот премиер и министер за одбрана.

Владо Бучковски е доктор по правни науки и долгогодишен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Функцијата министер за одбрана ја извршуваше во периодот на вооружениот конфликт во 2001 година, а од 2004 до 2006 година беше претседател на Владата.

По заминувањето од премиерската функција, тој се повлече од активната партиска политика и се врати на академската работа. Во јавноста остана присутен преку анализи и коментари за политичките и правните процеси во земјата. Во последните години беше ангажиран и како специјален пратеник за односите меѓу Македонија и Бугарија, улога што повторно го врати во фокусот на јавноста.

Последен пат во јавноста тој ги коментираше резултатите на локалните избори. За неговата матична партија СДСМ рече дека треба да му даде шанса на раководството, но и да направи анализа на што се должи падот на рејтингот.

 

 

 

Во моментов најчитана вест:

Во сенката на НАТО се раѓа нов воен сојуз

Најнови вести од: Македонија

В.Л. пукал со службен пиштол во двор, а куршумите завршиле во соба на соседите – ќе одговара кривично заедно со уште еден полицаец

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“ и против А.Л. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“.

Стратегија за за 2026–2031 година, заради зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура во Ниш

Во Ниш e претставена Стратегијата за развој и дејствување на Националниот совет на македонската национална заедница за наредните пет години, која ги одредува клучните правци во образованието, културата, информирањето и употребата на јазикот. Целта е зајакнување на македонската заедница, институционална соработка, локален развој и користење на фондовите на ЕУ, истакна претседателката на Националниот совет, Зорица Митровиќ.

Избран е изведувач, почнува реконструкцијата на „Универзална сала“

Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани

ДС: Македонскиот е заеднички јазик за разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

Во судството е од најголема важност обвинителите, судиите и адвокатите да го совладаат македонскиот јазик, кој е „лингва франка“, заеднички јазик на разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

To top