Македонија

Последен рок за упис во средно образование

Пријавувањето преку електронски систем ќе биде отворено до полноќ, додека потребната документација треба да се достави до училиштата утре.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година или испити за побрзо напредување можат да се запишат во училиштата каде што има слободни места по јунскиот рок. Пријавувањето преку електронски систем ќе биде отворено до полноќ, додека потребната документација треба да се достави до училиштата утре. Финалната ранг-листа за секое училиште, со резултатите од запишувањето, ќе биде објавена во сабота, најдоцна до 12 часот напладне.

Во јунскиот рок беа организирани две пријавувања, на 14-ти и на 30-ти јуни. Бројот на ученици запишани во средното стручно образование е речиси двојно поголем во споредба со другите насоки.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top