Македонија

Последна можност за новиот закон за локална самоуправа e 12 септември

Собраниска седница

Министерот Златко Перински потврди дека се прават напори Законот за локална самоуправа, кој е блокиран во Парламентот, да се донесе до 12 септември, кога е закажана последната пленарна седница пред локалните избори на 19 октомври.

Тој истакна дека пред да биде предложен законот во Собранието, биле потрошени повеќе од 6 до 7 месеци на консултации и дебати со сите засегнати страни, вклучително и со координаторите на пратеничките групи во Парламентот.

– Мене ми е жал што ниту ДУИ, ниту СДСМ не успеаја да се надминат себеси и да ги поддржат овие законски решенија, затоа што, пред сè, овие предлози се однесуваат на зголемување на демократските процеси на локално ниво – рече Перински.

Тој нагласи дека измените се однесуваат на референдумскиот отповик на градоначалник, воведување комунална полиција како обврска на градоначалникот и транспарентна емисија на сите седници на советите. Министерот посочи дека целта е да се подобри квалитетот на локалните услуги и демократијата на локално ниво.

Перински додаде дека ако законските измени не се изгласаат на следната парламентарна седница, отповикот нема да може да се примени кај идните градоначалници кои ќе победат на овие локални избори.

– Градоначалниците ќе останат единствените јавни функционери без можност за отповик. Нема да може да се воведе комунална полиција и градски архитекти, а тоа може да влијае на квалитетот на локалната работа – рече Перински.

Тој истакна дека амандманите на законот предложени од ДУИ иод СДСМ се прифатени и интегрирани и дека немало конкретни забелешки од нивната страна.

Министерот Перински го коментираше прашањето поврзано со бројот на советници по општините, како дел од измените на законот за локална самоуправа.

– Уставниот суд ја укина методологијата по која што е правен пописот, за која ние гласно зборувавме додека бевме во опозиција, не ги укина бројките кои излегоа како производ од пописот. Втора работа, пописот го правеа ДУИ и СДСМ и таа методолигија која Уставен ја укина беше создадена од нив – рече Перински.

Министерот додаде дека Владата донела одлука со која ќе се интервенира во бројот на советници онаму каде се намалил или се зголемил бојот на жителите во рамки на општината.

– Имаше промени во 17 општини, од кои во 14 бројот на советници се намали, а во останатите 3 се зголеми, согласно бројките од пописот – посочи Перински.

Тој истакна дека бројот на членови на советот се одредува согласно членот 34 од Законот за локална самоуправа, кој прецизно дефинира дека се пресметува по број на жители во општината.

– Нема пример во светот каде бројот на нерезиденти се зема како параметар за бројот на советници, бидејќи тие се жители на друго место – додаде министерот.

Перински нагласи дека барањата на опозицијата за вклучување на целото население од пописот не се оправдани и потенцира дека Владата ги расчистила овие прашања пред да ги предложи измените.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top