Македонија

Последната група македонски државјани од ОАЕ слета во Скопје

Уште 119 државјани на Македонија од вкупно 147 патници во авионот на „Флај Дубаи“ се евакуирани од Блискиот Исток

Уште еден авион со македонски граѓани од Блискиот Исток, со лет на „Флај Дубаи“, вечерва слета на аеродромот во Скопје.

Станува збор за 147 патници, 119 од нив државјани на Македонија, сите од Обединетите Арапски Емирати.

„Многу добра организација. Голема благодарност до Владата“, рече еден од евакуираните пред камерата на ТВ Сител.

Ова е петти и засега последен лет со македонски државјани организиран од Министерството за надворешни работи. Со него досега се превезени вкупно 605 патници од регионот во кој беснее војна меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

To top