Македонија

Послеконгресно „лавовско ревење“ на Ахмети: Не сум претставник на мачките, туку на лавовите! Ако излезам на улица, повеќе не се враќам!

На денешната предновогодишна средба со новинарите лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека „планот А останува развој и напредок на државата“. Тој изрази „надеж“ дека „нема да оди по план Б“. „Ако излезам на улица, не се враќам повеќе дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови!“ – додаде Ахмети. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“. Што содржи „планот Б“ на „претставникот на лавовите“ – Али Ахмети?! Кому и поради што му се заканува со можно „излегување на улица“, ако не му се исполнел „планот А“, бездруго она што го договориле на нивниот саботен Конгрес?!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го повтори барањето за уставни измени, нагласувајќи дека „во иднина Владата треба да се избира со двојно мнозинство“, додека „принципот на Бадентер треба да се применува во Уставниот суд“. Според него, „ова ќе биде услов за учество во Владата“.

Според Ахмети, „ДУИ се стреми кон национален договор за развој“. Тој оцени дека „граѓаните се уморни од дневната политика“, која, како што рече, „служи за партиска корист“. „Кога имавме храброст да го направиме Охридскиот договор, Преспанскиот договор и договорот за добрососедство со Бугарија, зошто да немаме национален договор за развој, вклучувајќи ги најдобрите експерти во земјата?“ – праша лидерот на ДУИ.

Ахмети рече дека „Охридскиот договор не бил и не е совршен“, бидејќи е „компромисен договор“, но додаде дека „во него има простор за унапредување во случај на потреба“. „Нема човек во Македонија што знае подобро од мене како да се прави национализам. Јас ја растурив Југославија и 20 години го спроведував проектот, од 1981 до 2001 година. Но, слушнете го мојот говор на Конгресот, никогаш не сум се занимавал со ВМРО, СДСМ или Вреди. Она што го имав за вазалите, им го кажав од 2002 до 2025 година. Тие не нудат одржливо решение.“ – рече Ахмети.

Тој посочи дека „не ги зема сериозно жалбите на поединци“, кои останале надвор од партиските структури на Петтиот конгрес. На средбата со новинарите Ахмети кажа дека „станува збор само за две или три лица, кои јавно реагирале“. Притоа го спомена Абдил Селам Селами, за кого рече дека „се извинил“ и оти „останува на страната на ДУИ“. Ахмети дополни: „Оние кои си заминуваа,т затоа што немаат функции, нека си заминат“.

Тој нагласи дека „ДУИ била и ќе остане партија со силна внатрешна дебата“ и оти „ниедна важна одлука не се донесува без консултација со Генералниот совет“.

Шефот на ДУИ коментираше и за коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ). Во врска со Тачи тој рече дека „постигнал договор“ и оти „тоа не ѝ штети на коалицијата НАИ“. Ахмети кажа за Села дека „во крупните работи е дел од НАИ“, додавајќи и оти „Села има за цел да изгради свој политички идентитет, бидејќи мисли дека е во сенка на ДУИ“.

Ахмети рече дека не верува оти „Села ќе го поддржи Невзат Бејта за градоначалник на Гостивар“, дополнувајќи дека „Села не склучува тајни договори“, бидејќи тие, како што рече, „бргу излегуваат на виделина“.

Беше објавено дека ДУИ ќе одржи тематски конгрес напролет, каде што ќе се разговара со базата, а потоа ќе се донесе одлука за идеологијата на партијата. – објави „Лајм“.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top