Македонија

Потпишан договор за изградба на паркинзи во Клиничкиот комплекс – Во првата фаза до втората половина на 2027 најмалку 500 паркинг-места

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга, со најмалку 500 паркинг места, кои се очекува да бидат ставени во функција до втората половина на наредната година. Паркинзите ќе бидат, пред се, наменети за пациентите и за вработените во Клиничкиот центар. Планирано е едниот паркинг да биде кај Клиниката за гинекологија, а вториот кај црквата во Клинички. Како што најавија министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски пред потпишувањето на Договорот, ако има потреба, ќе биде изграден и трет монтажен паркинг. Ако се утврди дека капацитетите овозможуваат да се паркираат и приватни лица, ќе се овозможи и тоа.

Паркинзите ќе имаат нов систем за евиденција и наплата преку кои ќе се врши детекција на слободни места и ќе се овозможи полесен и побрз пристап, а пациентите ќе ги користат по истите цени и по повластени услови. Како што нагласија Алиу и Ѓорѓиевски, ова е капитален проект не само за Скопје, туку за цела Македонија и со него ќе се реши досегашниот децениски хаос со паркирањето во Клиничкиот центар.

„Договорот за давање под закуп на недвижни ствари со непосредна спогодба со Град Скопје предвидува организирање, управување, уредување и одржување на паркиралиштата во комплексот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Град Скопје има обрвсрка во следните 60 дена да достави акциски план за спроведување на активностите со конкретни рокови за импелементација. Договорот е на 15 години, со закупнина во висина од 10 отсто од вкупно остварениот промет, а Град Скопје ќе почне со проектирање и изградба на катни гаражи и инфраструктурно уредување. Проектот значи модернизација и значително зголемување на капацитетите за паркирање за околу 50 отсто. Закупецот е должен пред Советот на Град Скопје да предложи ценовник за паркирање со билети за корисници за комерицјална употреба на здравствени услуги, за пациенти со малигни заболувања и за вразбоптените во Клинички. Проектот ќе предвидува комплетен мониторинг на паркирањето и дигитален водич за граѓаните, хортикултурно уредување на просторот, паметен паркинг-систем со сензори за детекција на слободни паркинг-места, мобилна апликација, поврзување со фискален систем…, истакна министерот Алиу.

Според градоначалникот Ѓорѓиевски, наместо приватен инвеститор, паркинзите ќе ги гради Град Скопје што ќе оневозможи поскапување на билетите и остварување бизнис профит.

„Во минатото беа планирани други цели за паркингот на Клинички, особено јавно-приватно партнерство ЈПП) со што интересот на граѓаните ќе беше во втор план зашто кога ќе се случи ЈПП и кога ќе влезе приватен инвеститор и цените ќе се зголемат. Дојдовме до соломонско решение, Наместо приватен, инвеститор ќе биде Град Скопје. Наредната недела, в четврток, ќе правиме ребаланс на Буџетот, а една од точките ќе бидат монтажните паркинзи, два во првата фаза со најмалку 500 паркинг места за почеток. Ако се покаже дека има потреба од повеќе, ќе биде изграден и трет монтажен паркинг. Тоа ќе биде генерално решавање на хаосот што владее со години на Клинички. Ако се утврди дека капацитетите овозможуваат да се паркираат и приватни резиденти, ќе овозможиме и таква опција, но фокусот ќе биде задоволување на потребите на пациентите и на вработните во Клинички. Планираме по ребалансот ќе биде распишана тендерска постапка – проектирање и изведба. Операторот што ќе го добие тој проект, ќе треба да го заврши во рок што ќе го утврдиме со МЗ, но тоа нема да биде повеќедецениски проект. Се надевам дека до втората половина на наредната година двата монтажни паркинга ќе бидат ставени во функција. Ќе бидат ултра современи, со нов систем за евиденција и наплата, точно ќе се врши детекција на слободни места, ќе се овозможи полесен и побрз пристап и ќе се спречат дополнителните нервози кај граѓаните“, подвлече Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

Во основните училишта во Гази Баба државна химна пред наставата секој понеделник – Стефковски: Македонија е сѐ што имаме!

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук ја образложи одлуката за воведување на оваа практика во училишните клупи.

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

To top