Македонија

Повеќе од 4.000 посетители присуствуваа на 11-тото издание на меѓународниот танцов фестивал „Dance Off 2025“ во Скопје

11-тото издание на меѓународниот танцов фестивал „Dance Off 2025“

Овој викенд Скопје беше домаќин на 11-тото издание на меѓународниот танцов фестивал „Dance Off 2025“, кој ја исполни арената „Борис Трајковски“ со неверојатна енергија, спектакуларни настапи и извонредни танчари од цела Европа. На фестивалот учествуваа повеќе од 2.700 натпреварувачи од 50 танцови клубови од 12 европски држави: Македонија, Бугарија, Романија, Словачка, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Грција, Словенија, Холандија и Турција.

Во текот на двата фестивалски дена, над 4.000 посетители имаа можност да уживаат во категориите Хип Хоп, Стрит Денс, Перформанс Арт, Латино танци, уште еднаш потврдувајќи дека Македонија успешно организира меѓународни натпреварувања според највисоки светски стандарди. „Можеби изгледа нереално… но ова е наше. Ова е Скопје, ова е Македонија — сцена полна со енергија, танчари кои прават да изгледа невозможно, а всушност е многу вистинско.

Насмеани лица што покажуваат колку сакаме да се дружиме, да настапуваме и да создаваме моменти што се паметат,“ истакнаа организаторите.

Победници на Гала вечерта беа: Мила Србиновска, Студио „Брејк А Лег“ – Македонија Анди Исмаили, Денс студио „Анди Исмаили“ – Македонија Студио „Ит Д Бит“ – Македонија Plesni Studio Novo Mesto – Словенија

Организаторот на фестивалот, Трајче Петковски од Студиото „Брејк А Лег“, посочи дека ова издание е најава за она што следува во 2026 година – Европско првенство во модерен, џез и класичен балет, кое ќе се одржи од 21 до 29 октомври 2026 година во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

„Кога нешто се работи со љубов, тогаш нема невозможно,“ нагласи Петковски.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top